(ВИДЕО) Мицкоски: Македонија е единствената земја во Европа без економски раст во 2017 година

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера во Струмица изјави дека Македонија е единствената држава во Европа каде што економијата во 2017 година е во стагнација.

– Не можеме да кажеме раст, велиме во стагнација бидејќи е 0%. Бев во Унгарија, седнав со премиерот Орбан вели дека е 5% економијата на Унгарија во пораст. Бев во Бугарија вели 4%. Во Америка се фалат дека нема подобра година за американската економија во 2017-тата година. Германците од кабинетот на Меркел не посетија викаат имаме суфицит 32 милијарди евра, не знаеме што да правиме фантастична година. Само ние веднеме глава, се срамиме, гледаме надолу. Ние знаеме што не снашло, не снашло цунами Заев, ама не знаат они што не снашло. Значи имаме една катастрофална ситуација ветуваа 5% раст, обезбедија 0%, 0% катастрофална ситуација во економијата, рече Мицкоски.

Тој рече дека СДСМ ветуваше 30 илјади денари плата, а успеале на сила да наметнат некаков си минимум и вештачки да ја покренат за 1-2 отсто платата, а никако да мрдне од тоа.

– Ветуваа 100.000 за докторите, сега не само што немаат 100.000 плата просечно, него и таа што треба да им ја покачат наместо 10 ја намалија на 5%. Катастрофа и омаловажување. На секој чекор. И не го зборувам ова како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и човек од ВМРО, еве и кој што е најповикан да зборува за оваа тема, него го зборува и како загрижен граѓанин и како универзитетски професор, низ чии што раце и кредата во рака поминале илјадници студенти. Кои што ги учел за една поинаква Македонија. За жал реалноста во нашата држава после овие 10 месеци по цунами Заев е таква како што е. На пензионерите им ветуваа поголеми пензии, и тие што треба законски да им ги даваат и тие не им ги даваат. Велат доцнат субвенциите, ќе доцнат нормално го утнаа Буџетот за цели 200 милиони евра. И како што гледате никој не сноси одговорност, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека минатата година имало 100 милиони евра помалку странски инвестиции од 2016 година, која не беше најдобра туку потпросечна година.

– Е сега тука вака помалку сатирично ќе кажам еден пример на една успешна странска инвестиција и за која што треба да им се честита на Зоран Заев и останатите и тоа за продажбата на компанијата на вицепремиерот на Грчкото електростопанство. Тоа е една добра успешна странска инвестиција која навистина донесе додадена вредност во џебот на Анѓушев, и можеби на Заев. А, на сметка на тоа ги продаваат државните национални интереси на радио емисии, лицитираат со иднината на оваа држава и така натаму. Но ете можеме да ја сфатиме таа странска инвестиција како успешна и тука можеме да им честитаме. Сето останато е голема нула немаат ама баш ништо направено. Нити пак гледаме нешто дека можат да направат. Гледаме како полицајки се омаловажуваат, како се скаруваат, а потоа и самоповредуваат од пајаци, па сето тоа вака театрално со многу трилери се претставува на македонската јавност и се понижува капацитетот на македонската јавност. Тоа веќе не смееме да го дозволиме. Тоа дали ние ќе го дозволиме или не зависи од самите. А, за да тоа не го дозволиме во иднина треба да го поразиме тука на лице место, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ