Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, најави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој во интервју за ТВ 24 посочи дека Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за степеност на изграденост на рудникот Казандол и го задолжи Министерството за економија во наредните седум дена да ја информира Владата за степеност на изграденост, но и за можностите за раскинување на договорот за концесија.
– Констатирани се многу неправилности и има сериозни индиции дека не се исполнети сите услови во договорот за концесија. Сметам дека има правни основи тој да биде раскинат, рече Николовски.