Делчево објави Јавен повик за доделување општински средства на спортски клубови и граѓански организации

Од:

Општина Делчево го објави Јавниот повик преку кој ќе доделува општински пари на спортски клубови и граѓански здруженија кои работат на територијата на Општината за оваа година.

Ваков повик, Општина Делчево објавува прв пат со што се зголемува транспарентноста на самата постапка и градењето партнерство со граѓанскиот сектор, истакна Ивана Ивановска правник во Општина Делчево.

– Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортски и граѓанските здруженија преку воспоставување партнерски релации и да се придонесе во локалниот економски развој и развојот на спортот на локално ниво, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2018 година кои се наменети зa финансиска помош. Парите ќе се распределат согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и согласно со критериумите утврдени во јавниот повик, истакна Ивановска.

Според критериумите објавени во Јавниот повик, приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности се од областа на локалниот економски развој, техниката, образованието, културата, уметноста, социјална заштита и заштитата на животната средина. Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево, а право на учество имаат здруженијата на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации најмалку две години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територија на Општина Делчево.

Согласно со критериумите потенцирани во Јавниот оглас, право на учество имаат спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

– Ние ги повикуваат сите спортски и граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации од најдоцна до 28 март 2018 година. Пријавата можат да ја најдат на официјалната страница на Општина Делчево или во архивата на Општината, истакна Ивановска.

Во општинскиот буџет за тековната 2018 година се предвидени 1,6 милиони денари. За прв пат оваа година износот еподелен на спортски клубови и здруженија и на здруженија на граѓани и фондации. За спортските клубови се предвидени 900 илјади, додека за граѓанските здруженија 700 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он