Груби: Дојде време да се затвори прашањето за Законот за јазиците

Од:

Законот за јазиците ќе се усвои деновиве. Ова го истакна претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за време на средбата со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

„Ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од законот за јазиците и затоа дојде време да се затвори ова прашање деновиве со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот Договор“, рече Груби и додаде дека истата храброст во решавање на прашањата треба заеднички да биде демонстрирана и со спорот со името.

На средбата, Груби истакна дека во земјата приоритет се ЕУ реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ членство, во претстојниот Годишен извештај на Европската комисија за Република Македонија, во април.

Амбасадорот Ромео ги поддржа ЕУ процесите во земјата, кои се во насока на нашите евроатлантски интеграции, при што изрази надеж дека Македонија ќе ги испорача потребните резултати до затворањето на Извештајот.

Во тој контекст, ја потврди италијанската заложба за интегрирање на земјите од Западен Балакан во ЕУ и НАТО, што беше потврдено и на последниот самит во Трст, мината година.

Би можело да ве интересира

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски за Груби: Македонија во моментов ја води Македонец, а во предизборие ќе се изнаслушаме кој е главен

A1on

Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

A1on

Здружената албанска опозиција: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“?