Вардар го победи Будуќност (30:25) во Подгорица и на првото место ја заврши главната групна фаза во Лигата на шампионките, а три од ракометарките на македонскиот шампион се најдоа во изборите на ЕХВ ТВ за најубави одбрани и голови.
Голманот Ина Суслина со двојната интервенција се најде на петтото место. ТОП 5 одбраните од 10. коло на ЛШ може да ги видите овде.
Александра Лакрабер го има третиот најубав гол на колото што може да се погледне на следниот линк.
Во изборот на ЕХФ место во трите ѕвезди обезбеди Андреа Пенезиќ.
Вардар во четвртфиналето ќе игра со Митјиланд.