Научници создадоа капки за очи кои го поправаат видот

Од:

Научниците од Бар-Илан универзитетот за нанотехнологија во Тел Авив тврдат дека направиле капки за очи кои можат да ги поправат оштетувањата на рожницата и трајно да го поправат видот на некои луѓе.

Израелските научници тврдат дека е во прашање револуционерно откритие кое ќе им помогне на лицата со штетен вид.

Тимот научници досега овој производ го тестирале на домашни животни кои имале оштетени рожница.

– Производот го тестиравме на свињи кои имаат оштетувања на очите и се покажа како ефикасен бидејќи се излечени сите симптоми на болеста, тврдат докторите.

Овие капки се уште не се тестирани на луѓе, а тимот научници се надеваат дека тие тестирања ќе се случат кон крајот на оваа година.

– Сметаме дека новиот производ во целост ќе ги реши проблемите со видот кај луѓето и во иднина нема да има потреба за носење очила, тврдат научниците.

Тие сметаат дека капките за очи подеднакво ефикасно ќе ги решат проблемите со кратковидост и далекувидост, како и други проблеми поврзани со видот.

Овој производ исто така ќе им помогне на луѓето да се ослободат од леќите и ќе им понуди потполно нов поглед на светот.

Засега не е познато колку дози од капките ќе бидат потребни за решавање на проблемите, ниту колку овој производ ќе чини на пазарот.

Би можело да ве интересира

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хезболах продолжува да гаѓа цели во Израел, силите на Тел Авив во состојба на готовност

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Нови напади врз Бејрут, цел беше лидерот на Хезболах

Горан Наумовски