Изетбеговиќ бара од Уставниот во Бих укинување на одбележувањето на Денот на Република Српска

Од:

Членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ поднесе денеска во Уставниот суд на БиХ барање за оцена на уставноста на членови од Законот за празници на Република Српска со кои како официјален празник во тој ентитет 9 јануари се утврдува како Ден на републиката.

Во текстот во кој увид имаше Анадолија, Изетбеговиќ наведува дека Законот за празници во РС не е во согласност со Уставот на БиХ и меѓународните конвенции што ги штитат човековите права.

– Сметам дека секое пропишување празници на ентитети кои симболизираат само еден, или само два од трите конститутивни народи во Босна и Херцеговина, претставуваат мерки кои се направени врз основа на различности, ограничување или давање предност, засновано на национално или етничко потекло и имаат за цел да нарушат или компромитираат признавање, уживање човекови права и основни слободи во сите области од животот, наведува Изетбеговиќ.

Тој нагласува дека деветти јануари 1992 година е датум кога „Собранието на српскиот народ во БиХ усвои декларација за прогласување на република на српскиот народ во БиХ на подрачја на српски автономни региони и области и други српски етнички целини во БиХ“.

Потсетува дека со декларацијата е предвидено и „територијално разграничување со политичките заедници и другите народи во БиХ“, што го оквалификува како намера да се формира држава на доминантен еден – српски народ со апсолутно исклучување и дискриминација на сите други народи и непочитување на нивните права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски