Романската владејачка Социјал-демократска партија (ДСП) денеска одржува вонреден конгрес на кој присуствуваат над 4.000 делегати.
Партискиот лидер Ливиу Драгнеа го свика конгресот без да ја образложи потребата. Партијата се соочува со критики во јавноста и во Европската унија поради промените што ги врши во судскиот систем.
Не се очекува партиските делегати да дискутираат за доверба на лидерот Драгнеа, но ќе се дискутира за избор на повеќе други високи партиски функционери.