Ердоган: Годишно десет милиони луѓе умираат од недостиг од храна

Од:

Турскиот премеир Реџеп Таип Ердоган по повод Акцијата за спречување на фрлање леб во Анкара, изјави дека секоја година милиони луѓе умираат од глад и недостиг од храна.

– Околу 10 милиони луѓе секоја година имираат од глад и недоволна ухранетост. Исто така околу 1,3 милијарди тони храна се фрлаат секоја година. Ако само една четвртина од тоа се подели на гладни, тие не би умирале, изјави тој.

– Годшно се фрлаат околу 1,3 милијарди тони храна, а тоа е околу една милијарда долари економска вредност, додаде Ердоган.

Тој вели дека во Турција дневно се фрлаат околу 500 тони леб, а годишно околу 550 илјади тони.

– На заштеда од фрлен леб годишно би можело да се исплатат 102 илјади просечни плати и изградат 500 училишта, наведе турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски