А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека Владата се грижи за сите категории граѓани подеднакво

by А1он08/03/2018 - 17:0189
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за граѓаните, за време на своето владеење ќе работеше на создавање услови за економски напредок и квалитетен живот за сите и немаше да ги задолжува и осиромашува граѓаните и државата само за да се задоволат криминалните апетити на поединци од раководството на партијата.

Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто денес се соочува ПИОМ и затоа опозициската партија шири лажни вести.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Владата предводена од СДСМ се грижи за сите категории граѓани подеднакво.

Пензиите се усогласуваат со трошоците за живот и тие се исплаќаат редовно и навремено. Одржливоста на пензискиот систем е приоритет за Владата предводена од СДСМ и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои се стабилизира состојбата со ПИОМ.

Граѓаните ја чувствуваат разликата помеѓу расипничкото и криминално трошење на буџетските пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.

Тоа го потврдуваат и економските параметри. По падот на економијата поради лошото владеење на ВМРО ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во последната четвртина од годината, економијата порасна за 1.2 % како одраз на враќањето на стабилноста и ефикасноста на спроведените мерки“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто