ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нанесува трајна штета на македонската економија и ги осиромашува граѓаните

Од:

„СДСМ глуми опозиција, а нивната скапа претстава ја плаќаат граѓаните!

Дури и во потешки години и при подлабоки политички кризи ВМРО-ДПМНЕ успеваше да обезбеди економски раст.

Катастрофалните политики на СДСМ на економски план ја бетонираа Република Македонија на европското дно.

Во услови кога цела Европа бележи раст на економијата, македонската стагнира и се бетонира на нула. Ефектот од 9 месеци владеење на СДСМ е едно големо ништо.

Државата во 2017 година под водство на СДСМ има трет најлош резултат во Европа, а убедливо најмал во регионот.

СДСМ ја урниса македонската економија. Граѓаните веќе тоа го чувствуваат.

Економијата под водство на СДСМ ќе продолжи да тоне. Пад од 1% бележат и бруто инвестициите, што е показател за идните движења во економијата. Падот на инвестициите покажува деека македонската економија и во идниот период ќе бележи ниски стапки на раст.

СДСМ нанесува трајна штета на македонската економија и ги осиромашува граѓаните.

Ветуваа живот, донесоа беда“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ