Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има работна средба со компаниите-членки на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
Бектеши во Комората ќе ги презентира мерките за финансиска поддршка на инвестициите.
Присутен ќе биде и претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа.