Најмалку тројца загинати при пад на руски хеликоптер во Чеченија

Од:

Според прелиминарни податоци две лица го преживеаа падот на хеликоптерот МИ -8 во Чеченија, тројца загинаа а другите четворица се водат како исчезнати, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименувани извори од локалната полиција.

ТАСС претходно повикувајќи се на неименуван извор на локалната служба за вонредни ситуации објави дека едно лице го преживеа падот на хеликоптерот.

Во хеликоптерот вкупно беа девет луѓе.

Хеликоптерот се урна во Чеченија на осум километри од границата со Грузија.

Хеликоптерската несреќа се случи само еден ден откако во Сирија се урна руски транспортен авион Ан-26 при што загина 39 патници и членови на екипажот. Се претпоставува дека причина за авионската несреќа е технички дефект.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот