Лисет Калвеиро е млада девојка која во 2013 година од Мајами се преселила во Њујорк, за „да го почувствува пулсот на популарната серија „Сексот и градот“.
– Живеев над моите можности… Само за да добијам совршена слика за на Инстаграм. Живеев во лага, и сега долговите „ми висат над глава“, изјави таа, истакнувајќи дека ниту оддалеку не станала така славна како што се надевала.
Имено, иако на Инстаграм постојано промовирала гламур, патувања и скап живот, трошејќи од 200 до 1.000 долари месечно, приватно девојката финансиски постојано пропаѓала.
– Снепчет ги имаше оние гео-филтери (дигитални ознаки дека сте посетиле некое место), и јас сакав да соберам барем 12, објаснува Калвеиро, која се надевала дека така ќе добие статус на старлета.
Работите не оделе според планот, па таа се вратила да живее во Мајами, но се уште се бори со долговите.