Паралелно со најавите за водедување контрамерки кон Македонија од српското Министерство за трговија, голем е притисокот и од српките мелничари поради проблемот со нивниот извоз на брашното во Македонија.
Директорот на Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија” од Нови Сад, Здравко Шајатовиќ за денешна Политика изјави дека „Македонија купува време“ поради што тие трпат штети.
– Здружението на мелничари бара од Министерството за трговија да усвои механизам на брзо регирање и воведување на контрамерки (во рок од 48 часа), со цел да ги предупредиме сите слични обиди во иднина, изјави Шајатовиќ.
Според него, македонските медиуми во неделата објавиле дека министерот Расим Љаиќ се противи на воведувањето на мерки на реципроцитет, што е слободна и погрешна интерпретација.
– Наш став е ургентно укинување на правилникот, додека Македонија предлага формирање на заедничка комисија за решавање на ваквите проблеми, што е неприфатливо, истакна Шајатовиќ.
Во насловот на Политика „Доколку ја изгубиме Македонија, извозот на брашното е загрозен“, се објаснува дека српскиот извоз на брашнот во Косово е намален за 80 отсто, а „Македонија осум години се обидува со опкструкции да направи простор за своите мелничари“.
Од Житоунија наведуваат дека 20 отсто од виното кое се продава во Србија е со македонско потекло. – Зарем и ние треба тоа да и го направиме на Македонија и со нивните раноградинарски производи како што се доматот и краставиците, прашуваат од Житоунија.