Најголемиот емитер во арапскиот свет „МБЦ груп“ денеска соопшти дека повеќе нема да емитува турски серии. Одлуката е поради зголемените тензии помеѓу Анкара и поединечни арапски држави.
– Со одлуката опфатени се и неколку арапски телевизиски станици во неколку држави, вклучително и „МБЦ“ да прекинат со емитување на турските серии, изјави портпаролот на „МБЦ груп“, Мазен Хајек.
Некои арапски критичари на социјалните мрежи водеа кампања против, како што наведуваат, турското влијание преку сериите.
– Ова може да биде добра иницијатива арапските продуценти да создаваат добри арапски драми, што ќе бидат алтернатива за тие што повеќе нема да се прикажуваат, истакна Хајек.