ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство на ЕЛЕМ потфрлило во реализацијата за цели 27,5 отсто

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштенијата на СДСМ и ЕЛЕМ.

„СДСМ и АД ЕЛЕМ во недостиг на аргументи, знаење и вештини се служат со лаги. Резултатите со кои се фалат се резултати на преходната гарнитура.

Фактите говорат дека производството на ЕЛЕМ во 2017 е надминато од претходното раководство. Во периодот од 01 Јануари до примопредавањето во Август 2017 година, производството е надминато за 6.7 % во однос на планот. После преземањето на ЕЛЕМ од новото раководство, производството колабира.

Бројките се поразителни за лагите на СДСМ.

Вкупно со планот во првите седум месеци за 2017 година биле предвидени 2290,7 GWh, а произведени се 2444,4 GWh, односно има процентуално натфрлање околу 6,7%.

Доколку се точни податоците со кои излегува СДСМ дека на крајот на годината има натфрлање на планот од околу 5%, тоа значи дека новото неспособно раководство на СДСМ драстично потфрлило во реализацијата на планот откако управува со ЕЛЕМ.

Во контекст на ова ако ги погледнеме и резултатите од јануари 2018 година, во споредба со истиот месец 2017 година, новото раководство на ЕЛЕМ потфрлило во реализацијата за цели 27,5 %.

Дека новото раководство на ЕЛЕМ од редовите на СДСМ е соочено со својата неспособност показател е тоа што мораат да се користат и со невистинити информации. Така во моментот на примопредавање во ЕЛЕМ, на депонијата во РЕК Битола имаше залихи од над 150 000 тони јаглен, а новото раководство на ЕЛЕМ ја заврши годината со количество од 44 000 тони, кое количество во 2018 година континуирано се намалува и се повеќе ја загрозува сигурноста во производството на електрична енергија во нашиот најголем производен капацитет.

Ова е вистината за состојбите во енергетскиот систем кој што СДСМ и нивните кадри во ЕЛЕМ не сакаат да им ги соопштат на јавноста. Нивната неспособност може да ја покриваат со манипулации или лаги, но последиците ги плаќаат граѓаните и македонската економија.

Ова е уште еден доказ зошто оваа неспособна и корумпирана власт мора да си замине што поскоро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ