(ВИДЕО) Тренев: СДСМ или ги излажа земјоделците или се неспособни да го реализираат ветеното

Од:

Ромео Тренев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека СДСМ или свесно ги лажеше земјоделците или се неспособни да го реализираат ветеното.

– Резултатот секако е ист. Земјоделците се изиграни и изневерени. Секој поминат ден на оваа неспособна влада е потврда за лагите во предизборна програма. Тие безочно ги лажеа земјоделците дека во буџетот на име субвенции предвидуваат 160 милиони евра, а во буџетот за 2018 година предвидоа 24 милиони евра помалку, односно 136 милиони евра. Ова е фактот, земјоделците се излажани и изманипулирани. Зоран Заев во кампањата кажа: цитирам, 160 милиони евра годишно ќе даваме субвенции, субвенциите ќе бидат наменети да стигнат кај вистинските земјоделци. Еве помина буџетот за 2018 година, а од 160-те милиони евра ветени од Заев испаднаа само 136 милиони, рече Тренев.

Тој додаде дека во услови кога трошоците за производство во земјоделието секојдневно растат, во услови кога државата се задолжи за 1,4 милијарди евра, Заев не го исполни ветувањето дадено кон земјоделците, категорија на граѓани кои вредно работат и со својот труд ги прехрануваат своите семејства.

– Ова е уште еден доказ дека кога е во прашање Заев и СДСМ хартијата трпи се. Тие за да се доберат до власт ветуваа брда и долини на земјоделците, а кога седнаа во фотељите веднаш заборавија на своите ветувања. Хартијата може трпи, но граѓаните и земјоделците не трпат лаги, лицемерие, неспособност и неработење. Ако на ова се додаде и постизборната изјава на Заев дека ќе ги укине субвенциите за оние земјоделци кои нема да исполнат норма, ко божем се на фабричка лента, а не на поле изложени на временски непогоди, тогаш веќе станува јасно дека оваа влада на СДСМ не е владата на која земјоделците може да се потпрат и на која може да и веруваат. Едно е сигурно Казната за сите свои лаги кои им ги кажуваа на земјоделците ќе ги стаса, рече Тренев.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ