Состанокот меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Николовски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љаиќ, што беше најавен да се одржи денеска во Скопје, се одложува.
Разговорите меѓу двајцата министри продолжуваат и во следните денови со цел наоѓање заеднички решенија во врска со процедурите за контрола на квалитет при увозот на брашно во Република Македонија. Двајцата министри се одлучни и се поветени на долгорочни решенија, во духот на започнатиот Берлински процес, кој води кон создадвање на услови за заеднички пазар, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.