ВМРО-ДПМНЕ: Планот на СДСМ за финансиска поддршка на инвестициите е во колизија со неколку постоечки закони

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Кочо Анѓушев.

„СДСМ и Анѓушев ги излажаа бизнисмените. Ветија 20 милиони евра за стимулирање на МСП во првата година, со раст до 50 милиони евра до крајот на мандатот.

МСП не добија финансиски стимулации минатата година. Финансиските стимулации кои ги даваат сега се половина од предвидените за првата година од мандатот. Иронијата е поголема и заради тоа што СДСМ ги нема предвидено ниту овие 10 милиони евра во Буџетот за годинава.

Долгите прес конференции и лагите на Анѓушев нема да го прикријат фактот дека СДСМ ги излажа граѓаните. Ветувањата на СДСМ издишаа како пукнат балон.

Стимулациите кои ги ветува Анѓушев не се усогласени ниту со трговските договори кои ги има склучено Република Македонија, како ЦЕФТА, ЕФТА, договорот за слободна трговија со ЕУ и СТО.

Дополнително долго очекуваниот план на СДСМ кој го најавуваа за финансиска поддршка за инвестициите е катастрофален и е во колизија со неколку постоечки закони во Република Македонија. Наместо да креира работни места тој ги одвраќа инвестициите и предизвикува нивно одлевање во соседните земји.

Претпријатијата очекуваат вистинска помош. Претприемачите очекуваат СДСМ да го реализира ветеното, а не да ветува половичо од првично ветеното“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ