Во Делчево почнува постапката за проект изградба на современ градски пазар

Од:

Општина Делчево ја започнува постапката за изработка на проект за изградба на современ градски пазар.

Како што истакна денеска на прес-конференција градоначалникот Горан Трајковски, во понеделник се отвора електронската јавна набавка за „Архитектонско урбанистички проект за Градски пазар-отворен и затворен дел“, а отворањето на набавката за „Основен проект за Градски пазар-отворен и затворен дел“ ќе биде на 12 март.

За реализација на набавката „Архитектонско урбанистички проект за Градски пазар-отворен и затворен дел“ се обезбедени средства од буџетот на општината за 2018 година во висина од 140.000 денари без вклучен ДДВ, додека за реализација на набавката „Основен проект за Градски пазар-отворен и затворен дел“ се обезбедени средства од буџетот на општина Делчево за 2018 година во висина од 500.000 денари без вклучен ДДВ.

Трајковски истакна дека со објавувањето на двете електронски набавки за изработка на проекти започнува реализацијата на заложбите Делчево да добие современ урбан изглед, а воедно, ова урбанистичко решение ќе го разубави овој дел од градот, ќе овозможи да се создадат атрактивни локации за нови градби.

– Моменталната локација на градскиот пазар не ги дава потребните услови, па се незадоволни и продавачите и купувачите. Ние сакаме да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, во смисла отворен и затворен дел, како и соодветен паркинг простор, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната, истакна Трајковски.

Градскиот пазар е предвидено да се гради во централното градско подрачје со површина на градежна парцела – 11.599 м2 и површина за градење – 6.944 м2, решението на парцелата да даде можност за етапно градење со нагласок на прва фаза – отворен и затворен градски пазар со придружни содржини – и ќе опфаќа површина од 2.500-3.000 м2 од вкупната површина за градење.

-.Во првата фаза на реализација се предвидува да биде отворен-затворен Градски пазар во Делчево и да содржи продажен простор за земјоделски и други стоки (покриен со кровна конструкција ), простории од затворен тип за продажба и услуга на производи со разна намена, администрација, помошен дел, санитарии. Потоа, санитарни јазли – за посетители и корисници, помошен простор со гардероба, санитарен јазол и просторија за вработени и одржувачи, канцеларија, објектите ќе бидат приземни, пристапност на лица со инвалидитет-рампи со соодветен наклон, пристап до локацијата на објектот со возило за дотур на стока, истакна Трајковски.

Проектната документација треба да биде готова во рок од два месеци.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он