Силен земјотрес на Папуа Нова Гвинеја, загинаа над 30 лица

Од:

Повеќе од 30 лица, од кои четири деца загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтероивата скала што го погоди централниот дел на Папуа Нова Гвинеја.

Од земјотресот се погодени провинциите Јужни Височини и Хела во центарот на најголемиот остров на пацифичката држава.

– Епицентарот на земјотресот бил на 560 километри од главниот град на Папуа Нова Гвинеха, Порт Морсби, на длабочина од 35 километри, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Се претпоставува дека најмалку 13 лица загинале во Менди, главниот град на провинцијата Јужни Височини, а другите 18 во реоните на Кутубу и Босаве.

Католичкиот свештеник отец Пиус Хал изјави дека при земјотресот загинале четири деца, а едно дете, заедно со неговите родители, се затрупано под урнатините.

Рударските компании, меѓу кои и американската „Ексон Мобил“ (ExxonMobil) соопштија дека ги проценуваат штетите, а некои фирми евакуираат дел од персоналот.

Според екоактивистот Мартин Наморонг оштетените гасоводи и цевките за отпадоци од рудите предизвикале сериозни отровни излевања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пронајдени се само пет тела, повеќе 2000 луѓе затрупани во Папуа Нова Гвинеја

(ВИДЕО) Свлечиште затрупа село во Папуа Нова Гвинеја – се стравува дека има стотина загинати

Тројца загинати во разорниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Десетици луѓе се убиени во Папуа Нова Гвинеја

Австралиски универзитетски професор и студенти киднапирани во Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски