Ердоган: Турскиот народ треба да биде внимателен за време на погребот на трите курдски жени убиени во Париз

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска апелираше до граѓаните да бидат внимателни за време на погребот на трите курдски жени убиени во Париз.

– Нашите безебдносни сили исто така ќе бидат внимателни и нема да дозволат никаква саботажа. Очекувам иста внимателност и од политичарите. Овој процес е лакмусова хартија, а во исто време и наш испит на трпеливоста, истакна Ердоган зборувајќи за најавените протести утре и в петок во Дијабекир, во Мерсина, во Тунчели и во Кахраманмараса по повод убиството на трите курдски жени.

Тој ја осуди и прокурдската Партија на мирот и демократијата (БДП), бидејќи за убиството на трите курдски жени ја обвини турската Влада.

– БДП е пример на евтина и валкана политика, посочи Ердоган.

Тој истакна дека во тек е и завршувањето на теророт во Турција, но оти некои кругови не сакаат теророт да заврши.

– Тие кругови по секоја цена со неосновани обвиненија и гласини ќе се обидат да му го поматат умот на народот, Нема да дозволиме да ја искористат чувствителноста на нашиот народ, посочи Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски