Ракометарките на Вардар, Андреа Лекиќ и Амандин Лејно, забележаа добри индивидуални настапи, иако „црвено-црните“ претрпеа пораз на гостувањето кај Мец.
Најефикасната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ, го има најубавиот гол во ова коло на Лигата на шампионите. Таа постигна пет гола против Мец.
Голманот на Вардар, Амандин Лејно, успеа да реализира десетина одбрани, а една од нив се најде и меѓу најдобрите пет на колото.
Вардарки го претрпеа првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Франција кај Мец загубија со 22:24.