Се создава правна основа за употреба на промотивниот знак „Македонско сонце“

Од:

Собраниската Комисија за економски прашања денеска ја констатира потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за стандардизација, во прво читање, со кои се создава правен основ за уредување на формата, содржината и примената на промотивниот знак „Македонско сонце“.

– Воведувањето на овој промотивен знак за квалитет на извозните производи, но и за производите што ќе бидат пуштени на домашен пазар, ќе значи градење на национална препознатлива марка односно бренд. Со текот на времето производите треба да бидат препознатливи како на национално, така и на меѓународно ниво. Со ова би требало да се поттикне бизнис-заедницата да произведува што поконкурентни производи што ќе ги исполнуваат барањата за квалитет и безбедност и што ќе се пуштаат на пазарите во Македонија, во ЕУ и пошироко, образложи заменик-министерката за економија Катерина Веловска.

Владата на Република Македонија за заштита на промотивниот знак, како што додаде Веловска, одлучи да ја користи Париската конвенција. Овој модел за заштита, рече таа, е препознатлив и го користеле многу држави за националното брендирање.

За добивање на националниот промотивен знак – Македонско сонценце, физичките и правните лица, според измените и дополнувањата, треба да ги исполнуваат неколку услови, односно да се регистрирани во трговскиот регистар што се води во Централниот Регистер на Република Македонија, да не е отворена стечајна или ликвидациска постапка и да поседуваат сертификат или друг документ со кој се потврдува дека производот е испитан од акредитирани тела и ги исполнува суштинските барања за безбедност или квалитет кои се пропишани во посебните закони.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница