Вардар доцна фати ритам на гостувањето кај Нант

Од:

Европскиот првак Вардар го забележа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето во Нант загуби со 27:26, во дуел кој поголемиот дел „црвено-црните“ одиграа под своите можности.

Цели 50 минути Вардар беше непрепознатлив, без жар во одбраната и комбинации во нападот па во еден момент домаќините имаа седум голови предност.

Македонскиот шампион заигра поборбено во последните 10 минути и веднаш се виде резултат на таквата игра, но немаше доволно време за целосен пресврт.

Тимур Дибиров со шест погодоци беше најефикасен во поразениот тим, Гурбиндо со осум гола беше најзаслужен за триумфот на Нант.

И покрај поразот вардарци остануваат лидери во групата, па за директен пласман во четвртфиналето на „црвено-црните“ доволно ќе им биде и бод на последниот меч од групната фаза, на домашен терен против Висла.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска