Се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман

Од:

Се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Во кавадаречкиот Центар за јавно здравје сезонава се регистрирани 564 болни, од кои 497 овој месец.

Како што информира за МИА, доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, оваа сезона вирусот на грип напаѓа подоцна од вообичаеното време за негово ширење.

– Минатата сезона шпицот на заразата со грип беше во месеците декември и јануари, а вкупниот број на заразени изнесуваше 2.998 грипозни лица, рече Јовановски.

Тој додаде дека најпогодена возрасна категорија од грип се лицата од 15 до 64 години, па тие од 5 до 14 годишна возраст. Апелираше на внимателност и избегнување на масовни собирања како превенција, а порача и проветрување на просториите и консумирање на витамини и повеќе течности.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски