ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.
„СДСМ нема право да зборува за субвенции и за развој на земјоделството. По години на стагнација во земјоделскиот сектор СДСМ и Николовски треба да гледаат и да учат како ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за земјоделците.
ВМРО-ДПМНЕ секоја година во својот фокус ги ставаше и тутунарите. Со оглед дека СДСМ и Николовски имаат кратка меморија би сакале уште еднаш да ги потсетиме дека во периодот од 2010 до 2015 година, годишно за тутунопроизводителите се одвојуваше помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Николовски и СДСМ ги доведе тутунарите на работ на преживување. ВМРО-ДПМНЕ 10 години покажа и докажа како се водат успешни политики во земјоделството.
Тутунарите кои беа заборавена категорија земјоделци добија фер и нормални услови за производство, со што производството на тутун повторно гарантираше нормална егзистенција.
Јавноста беше сведок како земјоделците не можејќи да го продадат својот производ фрлаа по десетици тони висококвалитетна пиперка. Исто така голем проблем има со производителите на ориз чиј род остана во амбарите.
Земјоделството е во катастрофална состојба. СДСМ го уназадува земјоделството.
СДСМ ништо од тоа што вети не оствари. Најавуваа живот, донесоа беда“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.