Уставниот суд на денешната седница ја оценуваше уставноста на одредби од Законот за минимална плата во Република Македонија.
Притоа, Судот поведе постапка и изрази сомнеж за уставноста на член 2, став 1 во делот „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија.
Судот изрази сомнеж на овие законски одредби од аспект на владеењето на правото.