Непознат маскиран и вооружен разбојник неделата, пред полноќ, извршил кражба во казино на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, при што одзел 150.000 денари.
Како што соопшти МВР, разбојништовото било пријавено на 18 февруари во 23.50 часот во Полициската станица Центар, а било извршено истиот ден околу 23.00 часот во казино на булевар „11-ти Октомври“.
– Сторителот со закана со пиштол од вработената одзел околу 150.000 денари, по што побегнал во непознат правец, наведуваат од МВР.
Се преземаат марки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.