ВМРО-ДПМНЕ: Не само што нема прилив на нови, туку има и одлив на инвестиции

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на Владата на Република Македонија.

„Владата на СДСМ доживува фијаско во поглед на странските инвестиции. Не само што нема прилив на нови, туку има и одлив на инвестиции што го констатираше и Државниот завод за ревизија, додека НБРМ констатираше пат на Странските директни инвестиции за 5 пати помалку споредено со 2016та година.

Инвестицијата ВИК е донесена во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 2 години се работеше на овој проект на германската компанија, а преговорите ги водеше поранешниот министер Бил Павлевски, со поддршка на поранешниот директор на Агенцијата за технолошко индустриско развојни зони Виктор Мизо. На самиот почеток тие ја разгледуваа понудата на Украина, Романија и Србија, но интензивните контакти и залагањата кои беа во изминатиот неколкугодишен период, како и пакетот поволности кои се понудија од владата на ВМРО-ДПМНЕ вродија со плод и се започна со градба во јуни минатата година.

Нови инвестиции нема, и владата се фали со оние од ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба нови инвестиции, Владата да престане да ги потценува граѓаните мислеjќи дека имаат кратко помнење“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ