ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку РЕК Битола ќе исплати два и пол милиони евра врз основа на договор во четири очи

Од:

„СДСМ преку РЕК Битола ќе исплати два и пол милиони евра, пари на граѓаните, без тендер, врз основа на договор во четири очи. Сумата која се исплаќа за ископ на јаглен е двојно повисока од последната понуда, односно последниот договор кој го имаше склучено ЕЛЕМ. Ова е факт кој што СДСМ не може да го избегне колку и да се обидува да манипулира во партиските реакции.

Државата економски тоне, а граѓаните секојдневно осиромашуваат додека неспособната власт го раскрчмува буџетот.

Милионскиот договор во четири очи, без никаква процедура, е само уште една потврда на тоа дека СДСМ, односно Заев и Анѓушев крајно неодговорно и расипнички ги трошат парите на граѓаните.
Наместо апсурдни соопштенија и лаги, СДСМ им должи на граѓаните одговор зошто немало тендер и кој и во каква процедура ја договорил цената која е двојно поскапа од последната? Како е избран економскиот оператор, под кои услови и кои се останатите понуди?

Станува јасно зошто на СДСМ му пречеше советот за јавни набавки! Обидот да глуми опозиција за да избега од одговорност, не ги намалува сомнежите за нетранспарентно работење и раскрчмување на парите на граѓаните од страна на новото раководство на РЕК Битола“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ