ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на Националната годишна програма за култура за 2018-та година

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да се повлече Националната годишна програма за култура за 2018-та година, ова го истакна Роберт Вељановски на денешната прес-конференција на која што рече дека има голем број нерегуларности во делот на издавачката дејност и литературата.

– Нивната бројност е навистина скандалозен показател за тоа дека одобрените проекти се одобрени без никакви стручни и вредносни критериуми. Дали буџетот на Министерството за култура се користи како колач за подмирување на партиските апетити, отплата на долговите кон шарените револуционери и блиските соработници на актуелното ракводство во Министерството за култура? Како и во сите други дејности и во издаваштвото некои автори се подржани со повеќе проекти. На пример, на авторот Ајфер Селими му се доделени дури четири проекти, во вкупна вредност од 490.000 денари. Комисијата за издавачка дејност и литература за шарениот револуционер Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на интернет порталот „Окно“, за порталот одобрила 350.000 денари и, за истиот Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Темплум“ одобрила 8 проекти и сума од 760.000 денари. И се би било во ред доколку 2 од овие 8 наслови: „Имагинарни животи“ од Марсел Швоб и „Морковче“ од Жил Ренар, поддржани со по 50.000 денари, Министерството за култура веќе еднаш не ги поддржало во 2008-та година, рече Вељаноски.

Тој додаде дека скандалозните одлуки на Комисијата за издаваштво и литература да се поддржат изданија и наслови кои веќе се поддржани и издадени во претходните годишни програми, не завршуваат со претходните два примера.

– Иако е книжевник, министерот Алаѓозовски не може и не мора да ги знае сите објавени наслови на сите издавачки куќи во Република Македонија. Но, да потпишеш Годишна програма за издаваштво и литература во која со 120.000 денари е поддржан насловот „Завивањето на волкот“ од Аг Аполон, книга која веќе еднаш е поддржана во програмата на Министерството за култура за 2015 и издадена од издавачката куќа „Готен“, чиј сопственик е Роберт Алаѓозовски, е скандал без преседан. Се поставува прашањето: Зошто комисијата не го почитувала декларираниот критериум дека нема да бидат поддржувани втори изданија и дали некој влијаел врз ваквата одлука на комисијата? ВМРО-ДПМНЕ упатува јавно прашање до Претседателот на стручната комисија за издаваштво и литература, г-ѓата Оливера Ќорвезироска и до почитуваните членови на комисијата: Како течела стручната расправа на комисијата по однос на прашањето во кој книжевен жанр може да се сместат следниве три одобрени наслови: „Дијабетска нога – улцерозна превенција и ампутација“, одобрени 80.000 денари, „Тумори на мочниот меур“, одобрени 200.000 денари и „Наркоманијата, гениталните болести и проституцијата“ за која се одобрени 130.000 денари? Врз основа на кои критериуми и стручна експертиза ги вреднувале како уметничка книжевност? ВМРО-ДПМНЕ прашува: дали оној кој предложил, одобрил и потпишал Договор за издавање на овие наслови не сноси одговорност за злоупотреба на средства наменети за поддршка на културни, книжевни проекти? И дали со одобрувањето на овие 3 проекти комисијата во потполност не се делегитимирала самата, покажувајќи некомпетентност и нестручност, па дури и злоупотреба на нивните надлежности, одобрувајќи ги овие наслови?, запраша Вељаноски.

Тој рече дека судирот на интереси на ја заобиколи ниту распределабата на средба во издавачката дејност.

– Членот на Комисијата за библиотечна дејност Енвер Беќири за книгата „Ефектите на интернетот кај младите“ од Комисијата за издаваштво и литература добил средства во висина од 100.000 денари. Согласно декларираната флоскула на Министерството за култура „Култура за сите“, ВМРО-ДПМНЕ цени дека во Годишната програма непримерно, недолично, неправично и нерамномерно се распределени средствата и по однос на етничката припадност на авторите. Така, на авторите етнички Македонци одобрени им се 304 проекти или 57% од одобрените проекти, на етничките Албанци 213 проекти или 40% од одобрените проети, а сите останати застапени етнички заедници Срби, Бошњаци, Турци, Роми и останати, само 18 проекти или 3% од проектите, рече Вељаноски.

Според него, ваквата годишна програма на Министерството за култура не ги одразува реалните потреби ниту на граѓаните, ниту на културните работници и уметници во Република Македонија.

– Донесената програма, не само што не е развојна, не само што нема афирмативна функција за македонската култура и не само што не е во насока на промоција на културата во Република Македонија, туку донесената програма е објавена и против законски. Имено, јавно објавената Годишна програма на сајтот на Министерството за култура, www.kultura.gov.mk, со напомена од службите на министерството е НЕЛЕКТОРИРАНА. Ова директно се коси со Законот за употреба на македонскиот јазик според кој секоја јавна објава треба да се лекторира пред објавување. Почитуван г-дине Министер, доколку сметате дека ВМРО-ДПМНЕ намерно ве опструира со ова тврдење, ве замолуваме да ја консултирате Инспекциската служба која е во состав на Министерството кое го раководите и која има обврска да врши надзор, да се грижи и да го спроведува Законот за употреба на македонскиот јазик, рече Вељаноски.

Тој додаде дека по реакциите на сите засегнати страни, неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, го повикува министерот да ја повлече Годишната програма.

– Со оглед на фактот дека со ваквата скандалозна годишна програма, во секој поглед се компромитирани сите заложби и политики на актуелниот министер, ВМРО-ДПМНЕ очекува Министерот за култура да понесе морална и политичка одговорност, рече Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ