ВМРО-ДПМНЕ: Порастот на трошоците за живот е најголем во последните неколку години

Од:

„Покачувањето на цените и порастот на трошоците за живот почнуваат да стануваат реалност.

Според податоците на ДЗС за индексите на трошоците на живот и цените на мало, во јануари 2018 трошоците за живот пораснале за 1,1% во споредба со јануари 2017 година, а малопродажните цени бележат пораст за 2.3%.

Домаќинствата во Република Македонија благодарение на политиките на СДСМ денес трошат повеќе од пред една година, што дополнително ќе се одрази на нивниот животен стандард. Ова првенствено се должи на покачувањето на акцизата на дизел горивата од 3.5 денари, која ги зголеми трошоците за живот за течни горива за 12,7%, но и трошоците за транспортни услуги за 5,3%. Трошоците за живот во споредба со јануари 2017 се зголемени и за другите производи и услуги.

Цените на мало исто така во споредба со јануари 2017 година пораснале и тоа кај земјоделските производи, индустриските производи, прехранбените производи и услугите.

Порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата.

СДСМ е без идеја и продолжува со катастрофалните политики во економската сфера

Наместо нови вработувања имаме стотици отпуштања од работа. Наместо поволности за бизнисот имаме влошување на условите за водење на бизнис преку поскапување на основните средства за водење на бизнис.

Младите не се враќаат, туку повеќе си заминуваат. Државата не ги подобрува условите, туку ги влошува.

Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно. Наместо живот дојде беда“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ