ВМРО-ДПМНЕ: За неполни два месеца СДСМ се задолжи 636 милиони евра

Од:

„Задолжувањето стана основен механизам за функционирање на оваа влада. Помина само еден месец откако власта не задолжи 600 милиони евра. Денес повторно не задолжи за нови над 36 милиони евра.

Од почетокот на годинава, за неполни два месеци СДСМ се задолжи 636 милиони евра.

Со ова вкупното задолжување откако СДСМ е дојдена на власт до денес се искачува на близу 1.4 милијарди евра.

Владата се задолжува неконтролирано и без основа. Граѓаните не знаат на што се трошат милијардите кои утре со камати треба да ги враќаат. Нема ниту еден нов инфраструктурен проект, болница, училиште, градинка, не е набавена нова медицинска опрема, не е изграден ни еден километар канализациони мрежа, не се покачени пензиите, ниту социјалната помош, а сепак се задолжуваме. Каде завршуваат стотиците милиони евра?

Ова енормно задолжување е пропратено со огромна нетранспарентност. СДСМ не смее да се однесува со парите на граѓаните како кон своја сопственост. Граѓаните мора да бидат информирани за што и како се трошат нивните пари.

Неодговорниот однос на СДСМ кон парите на граѓаните е не дозволив.

Недозволиво е државата да се задолжува секоја недела, а од тоа да нема реален бенефит за граѓаните. Не само што не се отпочанати нови проекти, туку и проектите почнати од ВМРО-ДПМНЕ подолг период беа во застој. Поминаа месеци за власта да продолжи со изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во напредна фаза на реализација. Додека скоро година дена со банални изговори се влече пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Ова е недозволиво. Недозволиво е државата да се задолжува за стотици милиони, а притоа да нема ниту еден капитален проект. Недозволиво е да се задолжуваме за огромни суми на пари, а да нема покачување ниту на платите, ниту на пензиите, ниту на социјалната помош.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта веднаш да запре со ова расипничко трошење на народните пари. Транспарентно да каже на што и како ги потроши стотиците милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ апелира секое наредно задолжување да биде неопходно и реално поткрепено со план за реализација на капитални инвестиции. Буџетот не е приватна своина на СДСМ. Буџетот го полнат граѓаните и тие мора да знаат на што, како и колку пари се потрошени“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ