Европскиот парламент ги повика земјите членки на ЕУ да го ратифукуваат протоколот од Нагоја кој има за цел борба против биопиратерија, со воведување правила во комерцијалната експлоатација на природните ресурси на земјите во развој, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Потребно е да се делува за да се спречат неколку компании да ја искористат правната празнина и да ги посвојат традиционалните знаења, стои во текстот предложеn од француската европратеничка Катрин Грезе.
Биопиратeријата подразбира користењето од страна на фармацевтските, козметичките или прехранбените индустрии на природните ресурси собирани во земјите во развој.
Протоколот од Нагоја има за цел подобра прераспределба на профитот од нивното користење меѓу развиените и земјите во развој, за што е предвидено на земјите во развој да им се дава нешто во замена. За да протоколот влезе на сила, тој треба да биде ратификуван од најмлаку 50 земји, а до денес само 9 го имаат направено тоа, а меѓу нив нема ниту една земја членка на ЕУ.
Протоколот беше усвоен на конференцијата за биораноликоста на ООН во октомври 2010 година. Според расположливите податоци, 90 отсто од билошкото светско наследство се наоѓа во земјите во развој. Но затоа пак, најголемиот број од патентите е во рацете на индустријализираните земји, истакна за време на дебатата во Стразбур, европратеничката Грезе.
Таа ги повикува развиените земји да ги поддржат барањата на земјите во развој за да ги принудат компаниите да го откријат составот кој сакаат да го патентираат, потоа да дадат доказ дека населението кое традиционално ги користи овие ресурси дало согласност за нивно патентирање и на крајот да се гарантира праведна поделба на користа која ќе биде извлечена од индустријалијазијата/комерцијализацијата на составот.
Според документот на ЕП, биопиратеријата е нова форма на колонијализам, затоа треба да се воведат правила, вели известувачката во ЕП Катрин Грезе. Таа притоа го дава за пример жолтиот грав Енола, кој се одгледува традиционалнио во Мексико од домородното население, кој беше патентиран во 1999 година од една американска компанија која ги принудуваше мексканските земјоделци да и плаќаат интереси. Патентот беше поништен во 2009 година.