Кинеската војска добила наредба да се подготви за борба

Од:

Кинеските вооружени сили добиле наредба да ја подигнат борбената готовност во 2013 година, јавија денеска кинеските медиуми.

– Во 2013 година Народно ослободителната војска и Кинеската народна вооружена полиција мораат да се фокусираат на задачата да бидат во состојба да се борат и победат во борбата, пишува партискиот весник „Женмин Жибао“.

Оваа директива е дадена во документ, објавен на почетокот на годината од страна на Генералштабот на Народна ослободителната војска за воените тренинзи во 2013 година, додава весникот.

– За да се подготват за војна вооружените сили мораат исто така енергично да ги зајакнат воените тренинзи како да се во услови на вистинска војна и да ги интензивираат напорите за обука на воениот персонал од повисок ранг, се наведува во написот.

Во текстот не се споменува спорот со Токио околу островите во Источното Кинеско Море, кои ги контролира Јапонија. Токио овие острови ги нарекува Сенкаку, а Пекинг, кој тврди дека се кинески, ги нарекува Диаоју.

Поморскиот спор, кој со различен интензитет трае со децении, се распламти минатата година кога јапонската Влада го купи и го национализираше ненаселениот архипелаг, што предизвика масовни протести во Кина и повик за бојкот на јапонските производи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски