СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост и лажно да обвинува за наводни притисоци во администрацијата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со години брутално ја партизираше и ја понижуваше државната администрација, денеска да глуми загриженост и лажно да обвинува за наводни притисоци врз вработените во администрацијата.

Лажни се информациите дека биле вршени притисоци врз лица вработени во администрацијата за да не се исплати финансиски додаток на кариера за вработените во јавната администрација, што токму ВМРО-ДПМНЕ незаконски го укина.

Како што јавно објави Министерството за информатичко општество и администрација, станува збор за вонсудска постапка на спогодба за незаконски неисплатените средства од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се избегне дополнително одлевање на финансиски средства по основ на судски и адвокатски трошоци. На тој начин, вработените ќе го добијат финансискиот додаток што им бил оневозможен и се спречува дополнително оптоварување на Буџетот на Република Македонија. Со тоа се исправа неправдата што ВМРО-ДПМНЕ им ја нанесе на вработени во администрацијата, незаконски укинувајќи го правото на додаток на плата за степен на кариера.

Времето на притисоци, манипулација и партизација на државната администрација, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Процесот на ослободување и професионализација на институциите што го започна Владата предводена од СДСМ, обезбедува независна и професионална администрација ослободена од секакви партиски притисоци и влијанија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат