Проект за формирање прв национален совет за женско претприемништво

Од:

Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We Contribute) е проектот чиј почеток ќе биде означен денеска.

Проектот ќе биде имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска. Проектот е финансиран од ЕУ.

На настанот е најавено учество на релевантни претставници од владиниот и граѓанскиот сектор.

Проектниот менаџер од МИР Фондација, Емилија Андонова ќе ја отвори конференцијата.

На конференцијата е предвидено да има обуки, советување, менторски сесии, онлајн курсеви за развој на вештини, формирање на првиот национален совет за женско претприемништво, креирање на веб-портал за информации поврзани со женско претприемништво, снимање видео со женски претприемачи и водич за граѓански организации и промотивни брошури.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска