ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Груевски подготви идеен и главен проект за изградба на нов театар за Драмски

Од:

„По повод Фејсбук статусот на Сашо Тасевски за течењето вода во Драмскиот театар, го соопштуваме следното:

Во Драмскииот театар тече вода кога има дожд уште од раните 1990ти години до сега од причина што се наоѓа во стари дотраени бараки. Во време на ВМРО-ДПМНЕ 1980-2002 овој театар еднаш веќе беше реновиран, но станува збор за објект кој кога е граден бил замислен да биде од времен карактер.

За разлика од сите други влади, вклучувајќи ја и владата и партијата СДСМ која го назначи за ВД директор, владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски и Елизабета Канческа Милеска како министер за култура:

1. Подготви идеен а потоа и главен проект за изградба на нов, модерен театар од цврста градба, на местото на старите одамна дотраени бараки на Драмски театар.
2. Обезбеди пари во буџетот за 2017та за почеток на градба
3. Објави оглас за изведувач
4. Избра изведувач и се чекаше да заврши сезоната на театарот (мај), и во јуни 2017та да почне градбата на новиот театар
5. Обезбеди место каде во меѓувреме Драмскиот театар ќе ги одржува преставите додека не заврши градбата на новиот театар
6. Ги издржа и се справуваше со бесмилените протести на дел од вработените во Драмски кои бараа да не се гради нов објект бидејќи биле навикнати на ,,духот и миризбата“ на постоечкиот. Случајно тоа беа актери кои „сосема случајно“ се јавни поддржувачи на СДСМ и на Шарените револуционери.

Веднаш откако на 1ви јуни 2017та власта ја презеде СДСМ на чело со Заев, Алаѓозовски и Сашо Тасевски во Драмски, се направи ребаланс со кој парите предвидени за нова зграда на Драмски театар, ги избришаа во буџетот за 2017та и не предвидоа пари барем за реновирање на стариот а и во буџетот за 2018та не предвидоа пари за нов театар ниту за реновирање на стариот.

Како и да е проектот стои, па можеби како и за Клинички центар по година две СДСМ ќе го смени своето мислење. Ако почнеше лани во јуни да се гради, новиот театар ќе беше готов во првата половина на следната 2019та година“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ