Специјален тим ќе проверува уреди за прислушување во Кабинетот на Ердоган

Од:

Специјален тим, кој ќе проверува за евентуално присуство за уреди за прислушување, ќе биде формиран во рамки на обезбедувањето на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, откако слични направи беа откриени во канцеларии на премиерот, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.

Тимот ќе вклучува главен инспектор и шестмина експерти од полицијата. Тој ќе го придружува премиерот при посети во земјата и во странство.

Проектот бил одобрен од Главната дирекција за безбедност и од Министерството за финансии и ќе почне да работи во најскоро време.

Уреди за прислушување беа пронајдени во Кабинетот на Ердоган во декември. Самиот премиер објави дека бил прислушуван.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски