Ограбен стан во Мичурин

Од:

Часовници, златен накит и девизи во вредност од 900.000 денари се украдени од стан во Мичурин.

Според информациите од МВР, вчера во 17.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје О.Б. (46) пријавил дека истиот ден во периодот од 7.40 до 17.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на улицата Венјамин Маџунковски.

„Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лични документи, платежна картичка, машки и женски рачен часовник, девизи (евра, долари и турски лири во вредност од 150.000 денари), 40.000 денари, дозвола за пиштол и разновиден златен накит. На тој начин сторителот стекнал противправна имотна корист во вредност од 900.000 денари“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка