Му влегле во спална додека спиел и го претепале со цепаници од дрва

Од:

Рано утрово, околу 00.30 часот во Велес, на ул.„Благој Страчковски“ во својот дом додека З.А.(38) спиел, насилно му влегле Е.Џ., С.Џ., А.Џ. и Р.В.

Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убиел оштетениот, а веднаш потоа сторителите го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело. Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат.

Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил о куќата на неговиот татко и неговиот брат. Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје