Неонацистите се реална закана за Европарламентот

Од:

Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром предупредува на опасноста од успесите што би можеле да ги постигнат националистичките и екстремно-десничарските партии на изборите за Европарламентот во 2014 година.

– Тоа е реална закана, вели Малмстром. Според нејзино мислење, екстремно-десничарските партии стануваат се посилни во Европа погодена од економската криза, при што истовремено ја подобруваат својата соработка преку создавање на заеднички европски платфроми.

Францускиот Национален фронт, унгарскиот Јобик, се веќе присутни во Европскиот парламент. Тие,  смета Малмстром, се гласни, но имаат мошне мало влијание, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

– Но доколку подобро се организираат и станат една од поголемите пратенички групи во Европарламентот, тогаш тоа навистина би бил загрижувачки развој, предупредува Малмстром, која вчера зборуваше на Народната и одбранбена државна конференција во Селен, Шведска.

– Постои премногу изразена тенденција да се лови во матни води, потенцираше Швеѓанката Сесилија Малмстром, нарекувајќи го третманот на Ромите од страна на некои земји како дамка на срамот во Европа.

И шведската министерка за ЕУ и демократија Биргита Олсон е вознемирена од можните успеси на десничарските екстремисти на ЕУ-изборите.

– Сега и чисти неонацисти ќе учествуваат, како Златна зора во Грција, вели Олсон.

Таа посочува дека екстремно-десничарските партии во Европа имаат нова стратегија и станале социјално активни за да освојат поширока поддршка.

Како пример ги наведе грчките десничарски екстремисти кои им помагаат на социјално загрозените жени и делат храна на сиромашни граѓани, како и германските неонацисти кои организраат божиќни прослави за самохрани мајки и основаат спортски клубови.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он