Тони Трајковски е вработен во АД ЕЛЕМ од 2007 година

Од:

„Поради интересирањето на јавноста во врска со работниот ангажман во АД ЕЛЕМ на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, известуваме дека Трајковски е вработен во АД ЕЛЕМ од 2007г. како одговорен инженер. Подоцна е поставен за директор на подружницата Енергетика, од каде заминал на позицијата градоначалник на о. Гази Баба.

Согласно законот, на избрани и именувани функционери работниот однос им останува во мирување, без оглед дали биле вработени во јавниот или во приватниот сектор. Врз основа на тоа, по завршувањето на градоначалничкиот мандат Трајковски побара неговиот работен однос во акционерското друштво „Електрани на Македонија“ да биде повторно активиран. Од ноември 2017г. Тони Трајковски е распределен на работно место одговорен референт за отчитување, пресметка и контрола на топлинска енергија во подружницата Енергетика“ се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакиески и Трајковски на суд – почнува судењето за уривањето на „Космос“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Градоначалникот на Гази Баба пристигна во Апелациониот суд

Виктор Јованов