ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Недостатокот на визија од СДСМ резултира со драстично влошување на економската состојба

Од:

„На денешната седница на Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ беа разгледани и се расправаше за повеќе точки.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека државата се води во погрешна насока и на политички и на економски план, за што главен виновник е актуелната Влада предводена од СДСМ.

Погрешните политики и безидејноста на Владата на СДСМ, резултираат со влошување на ситуацијата во државата при што се загрозени владеењето на правото и демократијата, а се практикува и реваншизам кон неистомислениците, вршејќи политички терор врз нив.

Недостатокот на визијата од страна на СДСМ за економски силна и стабилна држава, пак резултира со драстично влошување на економската состојба и негативен импакт на сите економски параметри во нашата држава, кои крајно резултираат со секојдневно, драстично осиромашување и безмилосно задолжување на граѓаните на Република Македонија.

Воедно, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на работна група за ажурирање на членството на ВМРО-ДПМНЕ составена од членови на Извршниот Комитет, кои во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе отпочне со ажурирање на членството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ