Филип, синот на Љубе Бошкоски го фати крстот за Водици во Перој, Хрватска.
По крстот во Јадранското Море, освен Филип, кој беше единствениот Македонец, скокаа Руси, Срби, Црногорци, Хрвати и Бугари.
Перој во Истра е единственото православно место во Хрватска, а фрлањето крст во морето за Водици е долгогодишна традиција. Тука по крстот скокаат и жени.