Мицкоски: Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Од:

„Денес, славејќи го Христовото крштевање и нашето духовно раѓање, дозволете ми во мое лично име и во име ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот по кој треба да чекорат сите верници христијани. Со празникот Водици се продолжува негувањето на нашите традиции и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество.

Овој голем ден нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме љубов, хуманост, добрина и проштевање. Нашата конечна цел треба да биде успешна Македонија, држава на среќни и задоволни граѓани, држава која се грижи за своите граѓани и која активно ќе ги решава проблемите на граѓаните. Наместо прогон, потребна е работа и проекти, наместо уназадување и економска стагнација, потребен е раст и напредок. Република Македонија мора да биде почитувана држава.

Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година. Македонија мора да оди напред.

Прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

БОГ СЕ ЈАВИ!

НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он