Иван Лотески од Варош го фати крстoт во Охридското Езеро

Од:

Повеќе стотини верници утрово се фрлија по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, а најсреќен од нив беше Иван Лотески од Варош кој прв успеа да доплива до крстот.

По излегувањето од вода, среќниот Лотески изјави дека на манифестациите по повод Водици учествува од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот.

Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление – Водици во Охрид годинава го следеа неколку илјади граѓани. Манифестацијата е во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он