А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ФОТО: Протест пред Собранието против НАТО

by А1он18/01/2018 - 12:0418/01/2018 - 12:11233
Share0

Група граѓани собрани пред Собранието на Република Македонија протестираат против НАТО.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денешниот протест пред парламентот се случува во пресрет на обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред македонските пратеници.

Тие извикуваат „Уа НАТО“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претходно Солза Грчева преку Фејсбук повика на протест за како што напиша, да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија.

„Ги повикувам сите поддржувачи на Глас за Македонија, да ми се приклучат на протестите утре во 11 часот пред Собрание. Ова е дел од поширока иницијатива. Јасно да кажеме дека имаме едно име: Република Македонија. Таму ќе има луѓе од различни идеолошки опции, но заедничко ни е што сакаме да си го одбраниме името и достоинството на македонскиот народ. Затоа, ГЛАСно за Македонија!“, напиша Грчева на својата официјална фејсбук страница.

На денешниот протест пред парламентот учествуваат и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ кои сметаат дека е потребно решавање на суштинските проблеми на земјата, сиромаштијата и невработеноста, а не замајување на народот со лажни приоритети, како зачленувањето во НАТО.

„НАТО е воен пакт, реликт од студената војна, а не безбедносен сојуз како што милуваат да го нарекуваат апологетите овој воен пакт“, истакнуваат од „Левица“.

Инаку, „Левица“ која отворено е против членството во НАТО, минатата година се спротистави на одржувањето на воената вежба на американските војници „Драгон Гардијан 2017“ во земјава. Четворица демонстранти од „Левица“ беа приведени па пуштени откако истакнаа транспарент на кој пишуваше „Против војна за профити“ за време на презентацијата на опремата на АРМ и на Армијата на САД во центарот на Скопје.

nato

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:49

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 18:50

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Катерина Ѓуровски18/09/2026 - 10:55

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:33

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Горан Наумовски10/09/2026 - 07:07

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 21:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео